Богдан-Игор Антонич
САЕМ
Мојот брат – кројач на детски сон
денес небо со земја соединува.
Горат на продавниците шамии
како на чешли шаренило.
Ѕидари пејат, тапани бијат
Ќе откријам тајна една
црвено сонце продаваат
на саемот горлички.
ЗЕЛЕНО ЕВАНГЕЛИЕ
Пролетта како рингишпил,
а на него бели коњи.
Планинско село – крај со кајсии
И месец што ко тулипан гори.
На оваа маса од јасен
врч словенски на сонцето стои.
Сал пред земја глава ведне,
шаренило од сонот го освои.
БОЖИЌ
Се роди Господ на санки
Во Дукла, меѓу карпатски брда.
Русини со шешири дојдоа,
месец на Чеда му подарија.
Од ридот вејавица снежна завива,
во мрак стогови обвива.
Маријашкото лице ко од икони,
месец – златни ореви во дланки.
Превод на македонски: Проф. Васил Тоциновски, Олга Лалић-Кровицка
źródło: Sovremenost, Skopje, Macedonia, nr 1, styczeń, 2013