Strona wykorzystuje pliki cookies, jeśli wyrażasz zgodę na używanie cookies, zostaną one zapisane w pamięci twojej przeglądarki. W przypadku nie wyrażenia zgody nie jesteśmy w stanie zagwarantować pełnej funkcjonalności strony!

Profesor Vasil Tocinovski o Oldze Lalić-Krowickiej - artykuł w j. macedońskim

СЛОВЕНОЉУБИЕТО НА ОЛГА ЛАЛИЌ КРОФИЦКА
Неуморен книжевен работник и преведувач

    Да ги почитуваш и сакаш другите е потврда оти веруваш во себе и во својата работа. Дарувањето на родот и породот станал аманет и прераснал во возвишена цел. Животните и творечки врвици на Олга Лалиќ Крофицка се извонредна илустрација за тоа. Најнапред така одредила судбината, а потоа и нејзината професија. Одвојуваме неколку податоци од нејзината биографија. Родена е на 2 април 1980 година во Шибеник. По народност е Србинка, а поседува хрватско и полско државјанство. Во 1998 година го завршила Средното економско училиште во Страховице, Полска. Но, нејзина љубов се јазикот и литературата. Во периодот од 1998 до 2005 година е студент на Институтот за славистика при Филозофскиот факултет на престижниот Јегјелонски универзитет во Краков. На Групата за српскохрватски јазик и литература специјализира јазик и со успех ја брани дипломската работа Лексиката во одделни области на селскиот живот на српското село Чиста Мала во Хрватска (2006). Магистер е по филолошки науки, а наскоро ја чека одбрана на докторската дисертација.
    

Својата професионална дејност ја посветила во проследување на културната традиција и континуитет на словенските народи. Нејзините години и делото на оваа млада жена се пример за почит и за восхитување. Со неа е постојано сопругот Камил Крофицки со кого искажано преку народната мудрост ги споделуваат сите копнежи и соништа, ги совладуваат семожните предизвици и дилеми. Таа е авторка со големо творечко љубопитство. Пишува поезија, проза, критика и драма. Преведувач е од хрватски, полски и српски, а со не помала леснотија и успешно преведува од англиски, македонски, руски и словенечки јазик. Немаат крај нејзините творечки патувања во јужнословенските и во светската книжевност, во словенската култура и историја. Се интресира за психологијата, психијатријата, филозофијата, се бави со музика, фотографија, сликарство, безмерно го сака патувањето.
    Олга Лалиќ Крофицка е авторка на петнаесет книги. Дебитирала во 2006 година со стихозбирката Dzisiaj przyjdzie w brazowym. Од нив би ги одвоиле  Иза облака на српски (Ваљево, 2008), двојазичните изданија на Ливење песме, Жаба, жаба и Мозак на полски и на српски, драмата Debiut pana Chwastowskiego. Приредила и превела триесет и осум дела. Од тој корпус посебно би сакале да одвоиме два проекта. Антологија на словенските уметности – Меѓу Охрид и Буга (Кросно, 2011)  чии страници ги исполнува поезија, проза, афоризми, драма, хаику, цртежи, уметничка фотографија и друго од 250 автори од Србија, Полска, Хрватска, Македонија, Белорусија, САД, Англија, Гватемала, Босна и Херцеговина, Русија, Црна Гора и Словенија. Македонската литература, сликарство и фотографија имаат значајно место и афирмација и на нејзиниот меѓународен сајт www.poezija.com.pl реализиран со финансиска поддршка од Полското министерство за култура. Застапени се 120 автори со над петстотини преводи од словенските литератури.
    Посебна тема е тоа што се Лалиќ Крофицка превела и препеала, приредила и дала критички осврт на атори од словенските литератури низ книжевните списанија, ревии, магазини и алманаси во Европа. Во таа активност нејзина единствена желба е со книжевната комуникација да се создаваат мостови меѓу народите и државите и да се остварува благородната мисија за посреќна иднина на човештвото. Таа е вистински македонски книжевен амбасадор кога станува збор за преведување и за афирмација на современата македонска литература во просторите на стариот континент. И прекрасно е кога тие работа и резултати другите ги препознаваат и вреднуваат. Добитник е на осумнаесет награди и признанија. Прва награда на полскиот поетски конкурс со учество на полската дијаспора (Кросно, 2004), Спартак на Мелничките вечери на поезијата (Бугарија, 2006), прва награда за краток расказ на списанието Акт (Ваљево, Србија, 2008), Златен круг за афирмација на српската сатира во светот (Белград, 2010), а трипати била лауреат на поетскиот конкурс на www.tvorac-grada.com. Да веруваме оти наскоро ќе ја закити и некое македонско признание.
    Олга Лалиќ Крофицка е основоположник и на полскиот книжевен конкурс со учество на полската дијаспора Свети Јован од Дукља во истоимениот град. Пораките од претците си останале татковински завет. Со посветеноста на словенството таа на најуверлив начин се јавува како современ следбеник на нашите првоучители – сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Со глаголицата на Словените им ги даруваа писмото и јазикот со кои рамноправно се вклучија во големото семејство на културните народи на Европа. Веруваме оти тоа е онаа светилка што ја води и младата авторка која што во книжевната и културната соработка со право ја бара и ја создава светлата перспектива на словенските народи. Да има многу години, здравје и среќа за оваа благородна мисија.
                                    

    Васил Тоциновски

Dodatkowe informacje